За Компанијата

Избалансирана исхрана со италијански вкус - совршен избор за Вашето бебе.

Lo Bello е Италијанска компанија специјализирана за истражување, развој, производство и продажба на храна за бебиња уште од 1900 година.

Благодарение на повеќе од 100 години искуство надополнето со континуирани иновации, производите на Lo Bello денес се специјализирани да ги задоволат потребите на најмалите, но и на сите оние што имаат потреба од здрава и избалансирана исхрана.

Сите Lo Bello производи се создадени од внимателно избрани состојки и произведени во согласност со најмодерните нутритивни принципи во строго контролирани хигиенски услови.

Производната палета опфаќа голем број на висококвалитетни бебешки прехранбени производи меѓу кои бебешки житарки и бисквити, адаптирани млечнин формули и органски овошни кашички.